Интересен потег на „топчиите“, ќе тргнат по играчот на Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот менаџер на екипата на Арсенал, Унаи Емери е подготвен да го направи првото засилување откако го замени Арсен Венгер.

Крилниот фудбалер на Барселона, Осман Дембеле би можел да пристигне на „Емирати“ како позајмен фудбалер само една сезона по стигнувањето во Барселона.

Арсенал ќе располага со мал трансфер буџет, па нема да може да го откупат договорт на младиот фудбалер, но ќе се обидат да го донесат на позајмица без притоа да вклучат задолжителен откуп на неговиот договор.

Наводно, Барселона е заинтересирана за таква зделка знаејќи дека во Арсенал блеснаа неколку фудбалери од младинскиот погон на Каталонците.