Фулам последен патник во Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во финалето на плејофот за влез во Премиер лигата, екипата на Фулам ја совлада Астон Вила со 1:0 и така стана последен патник во најелитното англиско натпреварување.

Голот на одлука, вреден минимум 180 милиони фунти го постигна Керни во 23. минута од натпреварот.  Фулам во 70. минута остана со играч помалку затоа што Одои доби втор жолт картон, но Астон Вила не успеа да го искористи тоа и не постигна погодок за израмнување.

Со оваа победа Фулам се врати во Премиер лигата по цели четири години. Фановите во Англија се среќни што повторно ќе можат да гледаат премиерлигашки фудбал на еден од легендарните англиски стадиони „Кревин Котиџ“.