Реал Мадрид апсолутен владетел на Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Реал Мадрид славеше во финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул со 3:1 и со тоа го освои својот 13 трофеј во историјата на ова натпреварување.

Во првиот дел немаше голови, а вистинските возбудувања ги видовме во вторите 45 минути.

Во 51. минута Кариус направи катастрофална грешка и му подари гол на Карим Бензема за водство на Реал Мадрид. Само четири минути подоцна Мане го изедначи резултатот и ја врати насмевката на лицата на фановите на Ливерпул.

Во 64. минута го видовме најубавиот момент на финалето. Герет Бејл со популарни ножички донесе водство од 2:1, а истиот фудбалер со удар од огромна далечина и уште една грешка на Кариус го постави конечниот резултат.