Бомба од Кристијано Роналдо: Португалецот најави заминување од Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо не беше многу експониран на вчерашниот финален натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул, но веднаш по шампионската прослава даде изјава која веднаш го обиколи целиот свет.

Имено, Роналдо по крајот на натпреварот истакна дека му било убаво да се игра за Реал Мадрид и дека следните неколку денови ќе се обрати до целата јавност за неговата иднина.

„Убаво беше да се игра за Реал Мадрид. Во следните денови ќе соопштам повеќе на јавноста и фановите“ –кратко беше Роналдо.

Дали со оваа изјава најави заминување од „кралскиот тим“ останува да видиме.