Покрај Роналдо, и Бејл ги „здрви“ фановите со изјава за заминување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Герет Бејл беше клучен за новата титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите откако постигна два одлични гола откако во игра влезе во второто полувреме.

Велшанецот призна дека ќе ги разгледа сите опции во летниот преоден рок и ќе размисли дали ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

„Мора да играм секоја недела, а тоа не се случи оваа сезона. Ќе седнам ова лето, ќе ги разгледам сите опции и ќе разговарам за тоа со мојот агент“- изјави херојот на Реал Мадрид од финалето во Киев.