Одличен потег на Крос: Им посакувам брзо оздравување на Карвахал и Салах!

0

Германскиот репрезентативец Тони Крос направи одличен потег по финалето во Лигата на шампиони.

Иако беше среќен затоа што со Реал Мадрид стигна до нов трофеј во Лигата на шампиони, сепак неговите мисли се насочени кон Даниел Карвахал и Мохамед Салах, кои мораа да го завршат предвреме финалето поради повреда.

„Им посакувам брзо оздравување на Салах и Карвахал. Се надевам дека ќе се видиме на Мундијалот во Русија“, напиша Крос.

Share.