Од Милан ќе му дозволат на Силва да замине


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Милан ќе му дозволат на нивното најголемо летно засилување, Андре Силва да си замине од клубот по само една сезона помината на „Сан Сиро“.

За младиот Португалец кој се најде во својата репрезентација за Светското првенство во Русија сериозен интерес има од страна на тимот на Вулверхемптон. Наводно, неговиот агент Жорге Мендеш кој има блиски релации со управата на новиот премиерлигаш веќе го договорил трансферот.

Покрај Вулвс, за Андре Силва постои интерес и од редовите на Монако, но напаѓачот веројатно на крај ќе заврши во Англија.