Игли Таре потврди дека нема понуди за Милинковиќ-Савиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорот на Лацио, Игли Таре потврди дека клубот не примил никакви понуди за српскиот интернационалец, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Одличниот играч од средниот ред беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус, но Таре вели дека засега немаат добиено никаква понуда на маса.

„Во овој момент немаме добиено никаква понуда, а кога ќе стигне ние ќе седнеме, ќе ја разгледаме и ќе одлучиме што понатака“-коментираше Таре.