Балотели со порака на Инстаграм ги расплака Италијанците (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Балотели по четири години се врати во репрезентацијата на Италија, а вчера постигна гол во пријателскиот меч против Саудиска Арабија.

Италија победи со 2-1 против Саудиска Арабија, а првиот гол за Италија го постигна Балотели во 21. минута, а по мечот откри на кого го посвети голот.

„Овој гол е за Давиде Астори. Знам дека е доцна и дека е некаде далеку, но убеден сум дека ги следи натпреварите со мојот татко. Овој гол го посветив на тебе Астори“, напиша Балотели.