Рајола ќе полуди: Донарума одби голем трансфер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума го налути својот менаџер Мино Рајола, откако одлучи да одбие голема понуда од Ливерпул.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Донарума имал интересна понуда од Ливерпул. Екипата од „Енфилд“ го гледа како решение на голот на долг план, но 19-годишниот чувар на мрежата одлучил да остане кај „росонерите“.

Сепак, ова не мора ништо да значи, бидејќи се погласни се шпекулации дека Донарума ќе го напушти Милан, а тоа најверојатно ќе се случи летово.