Роналдо: Бразил ќе го освои Мундијалот, а Нејмар ќе биде најдобар играч


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо верува дека репрезентацијата на неговата земја ќе ја освои титулата на Мундијалот во Русија.

Поранешниот најдобар фудбалер во светот очекува Бразил во финалето да игра против Шпанија.

„Шпанците имаат одлична репрезентацијата, со неколку врвни играчи. Имаат различни опции и на првенството доаѓаат во добра форма и со големи очекувања. Нашиот тим изгледа одлично и верувам дека е главен фаворит. Не играме многу добро, но ефикасни сме. Мои фаворити се Бразил и Шпанија. Бразилците ќе бидат шампиони, а Нејмар ќе биде најдобар играч на турнирот“, кажа Роналдо.