Ја пропушти сезоната поради леукемија, но ќе патува со својата репрезентација во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Вулверхемптон, Карл Икеме ја пропушти целата сезона поради леукемија која му беше откриена минатата година.

Икеме воопшто не бранеше во тимот кој обезбеди пласман во Премиер лигата, но селекторот на Нигерија, Гернот Рохр се одлучи да го повика за Светското првенство во Русија.

„Икеме ќе биде наш 24 играч на Светското првенство. Тој ќе биде голема поддршка на соиграчите за време на целиот турнир“ –истакна Рохр кој за жал нема да може да смета на голманот на Вулверхемптон за натпреварите.