Мурињо со вртоглава понуда за Бејл


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Герет Бејл не е во преден план кај Зинедин Зидан и поради тоа веројатно ќе ја промени средината ова лето.

По финалето од Лигата на шампионите во кое Реал победи токму благодарение на погодоците на Бејл, Велшанецот истакна дека ќе ги разгледа сите опции за заминување од тимот.

Според некои англиски медиуми незадоволството на Бејл ќе проба да го искористи Жозе Мурињо кој ќе понуди 120 милиони фунти за услугите на поранешниот фудбалер на Тотенхем.

Преодниот рок ќе започне набрзо, а дали трансферот на Бејл во Манчестер Јунајтед ќе се случи останува да видиме.