Легендарните Тони и Лукарели со совети за Балотели


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алесандро Лукарели и Лука Тони го советуваат Марио Балотели да се пресели во редовите на Парма ова лето.

Напаѓачот е слободен агент и има одврзани раце да си бара нов клуб, а во моментов за него постои интерес од половина италијанска лига.

Балотели се врати во живот по трансферот во Франција во редовите на Ница и го привлече вниманието кон себе со одличните настапи во овој клуб. Рома и Наполи се најсериозните кандидати за неговиот потпис, но Лукарели и Тони имаат свое мислење околу напаѓачот.

„Парма би било идеално место за Балотели. Таму ќе мисли само на фудбалот“ –коментираше Лукарели.

Легендата на Парма не беше единствнеиот кој го има овој став. Слично мислење има и Лука Тони кој исто така го советува да им се приклучи на „млекарите“.

„Парма е одличен избор за него. Таму е мирно и нема да биде под голем притисок. Парма ќе го изгради целиот тим околу него“-коментираше Тони.