До крајот на неделава Јуве ќе го има првото засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија и Англија пренесуваат дека Јувентус до крајот на оваа недела ќе објави дека постигнал договор со Емре Чан.

Германскиот репрезентативец ќе биде слободен агент откако ќе му истече неговиот договор со Ливерпул во текот на утрешниот ден, па ќе биде слободен да избира во кој тим ќе настапува следната година.

Најголем интерес за него покажал тимот на Јувентус кој Емре Чан го носи како алтернатива за Сами Кедира кој веројатно ќе биде продаден ова лето.