Официјално: Зидан го напушти Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан на клупата на Реал стигна на почетокот на 2016. година и освои една титула во Шпанија, еден Суперкуп на Шпанија, три титули во Лигата на шампиони и два УЕФА Суперкупа, а два пати беше и светски клупски шампиони.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез го најави Зидан на денешната прес-конференција.

„Ви благодарам на сите што дојдовте, наскоро ќе ви зборува Зидан, но морам да ви кажам дека мене вчера ми соопшти дека заминува од клупата на Реал. Оваа одлука е изненадувачка за нас и денес е тажен ден за сите во клубот. Но, ако тоа е негова одлука, мораме да ја прифатиме и да го почитуваме. Се обидов да го убедам, но Зидан беше решен да замине“, вели Перез.

За медиумите зборуваше и францускиот тренер, кој кажа дека одлуката е само негова.

„Мислам дека тимот треба да продолжи да победува, но мислам дека ми е потребна промена, нов глас и затоа ја донесов оваа одлука. Го сакам клубот и претседателот што ми даде шанса. Меѓутоа, решив да заминам. Ќе продолжам да го поддржувам клубот, но одлуката е моја. Можеби на луѓето нема да им биде јасно, но сега е време за промена“, кажа Зидан.