Лампард го презема Дерби Каунти!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Челси, Франк Лампард и официјално ја почна својата тренерска кариера.

Поранешниот репрезентативец на Англија по прекинувањето на кариерата одлучи како Стивен Џерард да почне тренерска кариера, а прв клуб кој ќе го предводи е Дерби Каунти.

Лампард беше еден од 20 кандидати за клупата на Дерби, а управата сметаше дека токму 39-годишниот Англичанец е вистинскиот избор.

Во клупската историја, Дерби беше двапати шампион на Англија, а освои и по еден ФА куп и Комјунити Шилд.