Роналдо се враќа во фудбалот, купува клуб за 30 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот најдобар играч во светот, Роналдо има големи планови за иднината.

Бразилецот, претходно, кажа дека сака да купи клуб од шпанската или англиската лига и да направи нешто иновативно, а според бразилските медиуми, Роналдо го направи првиот конкретен потег.

Странските медиуми пишуваат дека Роналдо понудил 30 милиони евра за шпанскиот второлигаш  Ваљадолид.

Роналдо по богатата кариера како играч, одлучи да остане во фудбалот. А, во својата кариера има играно за Крузеиро, Реал, Барселона, ПСВ, Интер, Коринтијанс и Милан.