Ѓоре Јовановски и следната година на кормилото на Работнички


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот стратег, Ѓоре Јовановски и следната година ќе остане во редовите на Работнички.

Јовановски и раководството на клубот постигнаа договор за нова едногодишна соработка со опција истата да се продолжи уште една година.

Јовановски кој ќе го води клубот и во квалификациите во Лига Европа изјави дека брзо се договориле со претседателот Драган Поповски за продолжување на соработката.

„Брзо успеавме да се договориме со претседателот Драган Поповски за продолжување на соработката. Работнички е клуб со јасна визија, и со конкретни амбиции, и токму затоа секогаш и претставува посебен предизвик да се работи со овој тим. Во наредните денови раководството на клубот ќе го дефинира тимот за следната сезона, ќе се обидеме да создадеме квалитетен ростер, и од 11 јуни почнуваме со тренинзи. Седум дена ќе работиме во Скопје, а потоа ќе заминеме во Терме Чатеж во Словенија, каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките. По ова, се враќаме повторно во Скопје и ќе не очекуваат настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Треба добро да се подготвиме за европскиот предизвик“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.