Куртоа го напушта Челси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека запреле преговорите за нов договор на Тибо Куртоа и дека тој веројатно ќе си замине од Челси ова лето.

За белгискиот интернационалец има сериозен интерес од редовите на Реал Мадрид кои ќе се обидат да го донесат на „Бернабе“ по пропаѓањето на преговорите.

Ова доаѓа како шок за фановите на Челси кои беа уверувани дека голманот ќе го продолжи договорот и ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ и оваа сезона.