Пред шест години животот му висеше на конец, денес ќе игра во финалето на НБА лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред нешто повеќе од шест години, Џеф Грин имаше операција на отворено срце, која практично му го спаси животот, а сега се наоѓа во големото НБА финале и е на прагот да освои шампионски прстен.

Уште во 2007 година, на Грин на рутински преглед му беше дијагностицирана срцева болест иако тогаш немал никакви симптоми.

„Кога ќе поминете низ нешто вакво, повеќе го цените животот. Некогаш доаѓате до фаза да ја земате работата здраво за готово, но кога животот ви е загрозен, тогаш почнувате се да цените повеќе. Благословен сум што се уште сум жив. Можев да умрам. Благодарен им сум на докторите на Бостон што ми ја открија болеста“- истакна Грин за „Орландо Сентинел“.

Џеф Грин пред операцијата не знаел дали воопшто ќе преживее, а сега на цврсти нозе се наоѓа пред шампионски прстен со Кливленд Кавалирс.

„Малку фалеше да изгубам се, а сега седам пред вас и зборувам за Финалето во НБА лигата. Благословен сум што можам да играм на кошаркарскиот терен. Секој ден давам се од себе, било тоа добро или лошо. Што и да биде, живеам со тоа, но уживам во се, во секој можен момент. Ништо не земам здраво за готово, буквално ништо“ –коментираше Грин.

Грин во НБА лигата настапува од 2007 година и за сега се уште не планира да го напушти активното играње.