Милан ќе биде исфрлен од европските натпреварувања!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите на „Њујорк тајмс“, УЕФА добила препорака од финансиските истражувачи да ги исфрлат „росонерите“ од европските натпреварувања за наредната сезона.

Причина е кршењето на финансискиот фер-плеј од страна на сопственикот на клубот Јонгхонг Ли, кој направи целосен хаос во клубот.

Кога Кинезот го купи тимот, сите мислеа дека ќе се врати во врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. Меѓутоа, се случи спротивното.

Ли е должен 300 милиони евра на американска компанија, а рокот за исплата на средствата е први октомври, а ако првата рата не биде платена до крајот на јуни, Милан поради кршење на правилат аќе биде исфрлен од европските натпреварувања.