Алекс Фергусон излезе од болница!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, излегол од болница, па од сега ќе биде на домашно лекување.

На петти мај годинава Фергусон имаше мозочен удар, па итно беше пренесен во болница.

Легендарниот Шкот на деветти мај го напушти оделот на интензивна нега, а докторите беа оптимисти дека неговата состојба ќе се стабилизира.

Фергусон се надева дека од наредната сезона ќе може да го гледа Манчестер јунајтед.