ЕСПН јавува дека еден великан е заинтересиран за Бејл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува ЕСПН, од Манчестер Јунајтед биле заинтересирани за услугите на Герет Бејл од Реал Мадрид.

Бејл најави дека ќе ги разгледа сите опции ова лето поради тоа што не е редовен во тимот на „Кралскиот клуб“.

Сепак, се верува дека Реал Мадирд не планира да го продаде Велшанецот,  а од Манчестер Јунајтед со цел да избегнат голема трансфер сага ќе тргнат по Бејл само доколку добијат охрабрување од самиот играч и неговиот агент дека сигурно ќе си заминат од Шпанија.