Победа и следната сезона ќе игра во Првата Македонска фудбалска лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Победа и следната сезона ќе игра во најдобрата македонска фудбалска лига откако денес со 2:1 беше поуспешна од тимот на Борец во бараж мечот кој беше одигран на стадионот „Младост“ во Струмица.

Резултатот го отвори Ивановиќ со прекрасен гол уште во осмата минута од средбата, а на 2:0 зголеми Велкоски со гол од 18 метри. За Борец надежта ја врати Андреј Кудијан во 56. минута, но тимот од Велес немаше сили за нешто повеќе.

Од таборот на Победа уште претходно најавија дека ако опстанат оваа сезона за наредната ќе направат екипа која ќе биде способна да се бори за излез во Европа.