Иднината на Игуаин ќе биде позната по Светското првенство


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од таборот на Јувентус ќе разговараат за иднината на Гонзало Игуаин кога тој ќе се врати од должностите за време на Светското првенство.

30 годишниот напаѓач кој постигна 55 голови за „Старата дама“ од неговото доаѓање во 2016 година се поврзуваше со трансфер во Челси, а клупскиот директор на Јувентус, Џон Елкан истакна дека за тоа ќе разговараат по крајот на Светското првенство.

„Тешко е да судиш за трансфер пазарот во година кога имаш Светско првенство. Се може да се случи. Ќе видиме по Светското првенство, но нема што многу да се каже околу оваа ситуација“ –коментираше Елкан.