Мурињо ја одби можноста да биде селектор на Португалија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо истакна дека нема намери да биде селектор на Португалија во блиска иднина.

Во интервју за ГКју Магазинот Мурињо истакна: „Не сум блиску до тоа. Мислам дека да се биде тренер на клуб е моја работа, затоа што сакам да играм натпревари секоја недела, да имам тренинзи секој ден.

Би кажам дека сум многу подалеку од менаџирање на некоја селекција отколку што бев пред неколку години“- заклучи Мурињо.

Репрезентацијата на Португалија во моментов ја води Фернандо Сантос кој стигна до голем успех на минатото Европско првенство на кое Португалците беа шампиони.