Баерн во Русија ќе скаутира англиски голман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Баерн Минхен будно ќе ги следат настапите на Џордан Пикфорд на Светското првенство во Русија.

Баварците полека влегуваат во потрага по замена за Мануел Ноер кој се почесто се повредува, а последната негова повреда го оддалечи цели девет месеци од терените.

Пикфорд е актуелен голман на Евертон и се очекува да биде прв избор на Герет Саутгејт за голманската позиција на „Гордиот Албион“ за Светското првенство во Русија.