Голден Стејт на крилата на Кари го сруши Кливленд за водство од 2:0


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неверојатниот напад на Голден Стејт беше пресилен за Кливленд во вториот натпревар од финалната серија од НБА Лигата одигран во „Оракл Арената“ во Оукленд.

Стеф Кари со девет тројки го сруши рекордот на НБА финалињата постигнувајќи вкупно 33 поени во победата на Вориорс над Кавалерс со 122:103.

Актуелните шампиони водат со 2:0 во серијата до четири победи и полека се доближува до одбрана на трофејот .

Следниот натпревар на програмата е во среда, а домаќин ќе биде тимот на Кливленд Кавалерс.