Каљехон си заминува од Наполи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жозе Каљехон ова лето би можел да го напушти тимот на Наполи и да се врати во родната Шпанија.

31 годишниот фудбалер беше еден од клучните играчи на Наполи по неговото пристигнување во Италија во 2013 година.

Шпанецот се поврзува со враќање во Мадрид, но овој пат нема да го носи дресот на Реал Мадрид, туку на нивниот градски ривал, Атлетико.

Освен Атлетико, интерес за Каљехон пројавил и тимот на Милан. Доколку некој сака да ги обезбеди услугите на офанзивниот фудбалер ќе треба да му плати 23 милиони евра на клубот од Неапол.