Офицјално: Лихштајнер нов фудбалер на Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Швајцарскиот интернационалец Стефан Лихштајнер и официјално е нов фудбалер на тимот на Арсенал.

Сега веќе поранешниот играч на Јувентус е прво засилување во ерата на Унаи Емери на „Емирати“. Лихштајнер кој има богато искуство зад себе следната сезона во Арсенал ќе го носи дресот со број 12.

„Стефан  ќе ни донесе големо искуство и лидерство во составот. Тој е играч со огромен квалитет, позитивен и одлучен став. Стефан ќе не подобри и на теренот и надвор од него“ коментираше Емери.