УЕФА го суспендираше Гвардиола!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука за казната на клубовите во текот на нередите на средбите во нокаут-фаата во европските натпреварувања, а најпроблематичен беше дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер сити во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Во првиот меч Ливерпул победи со 3-0, а навивачите направија материјална штета на автомобусот на Сити, па УЕФА ги казни „црвените“ со 20.000 евра.

За средбата на „Етихад“, Ливерпул доби казна од 6.000 евра поради помалку инциденти, но главната улога ја имаше Пеп Гвардиола, кој во текот на натпреварот беше испратен на трибините поради критиките кон судијата.

УЕФА одлучи да го казни тренерот на Сити со два натпревари на кои нема да може да го води Сити во европските натпреварувања.