Манчестер Јунајтед потврди дека е постигнат договор со Фред


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На официјалниот веб сајт на Манчестер Јунајтед осамна потврда дека трансферот на Фред е пред реализација.

Манчестер Јунајтед се договорил со тимот на Шахтјор за цената која треба да се плати, па наскоро ќе го видиме Фред со црвениот дрес во рацете со оглед на фактот што доцна синоќа Бразилецот ги помина и неопходните лекарски прегледи.

Освен Фред, денес или утре ќе биде официјаизиран трансферот и на Диого Далот кој на „Олд Трафорд“ пристигнува од Порто.