Фудбалерот на Милан го продолжи договорот со Росонерите и покрај интересот од Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот од одбраната на Милан, Алесио Ромањоли го продолжи договорот со тимот од „Сан Сиро“ до 2022 година.

23 годишниот фудбалер пристигна во Милан од редовите на Рома во 2015 година и веќе достигна до 100 настапи во дресот на Росонерите.

За Ромањоли постоеше сериозен интерес од редовите на Јувентус, но по продолжувањето на договорот, клубот од Торино ќе треба да се насочи кон друга трансфер цел од одбраната.