Го купија пред една недела, сега го продаваат за повисока цена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Вулверхемптон пред една недела објавија дека го откупиле договорот на Беник Афобе од Бурнемут за сума од 10 милиони фунти.

Поранешниот напаѓач на Арсенал помина успешна полусезона меѓу „волците“ и со неговите погодоци имаше значаен придонес во пласманот во Премиер лигата на тимот.

Сепак, по само неполни седум дена од објавувањето на перманентен трансфер, од таборот на Вулверхемптон се одлучиле да ја прифатат понудата од Стоук во висина од 12 милиони фунти, па следна дестинација на напаѓачот ќе биде стадионот „Британија“.

Нема што, паметен потег на новиот премиерлигаш кој за само пет дена успеа да заработи два милиони фунти на еден играч.