Главоболки за Перез: Уште еден тренер го одби Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Управата на Реал Мадрид бара нов тренер, откако Зинедин Зидан го напушти „Сантјаго бернабеу“, па претседателот на клубот, Флорентино Перез, контактираше со неколку тренери, но доби негативен одговор.

Досега Реал Мадрид го одбија Јоаким Лев, Џулијан Нагелсман, Маурицио Покетино, а медиумите од Италија пишуваат дека тоа го направи сега и Масимилијано Алегри.

Иако му одговара интересот од „кралевите“, Алегри наводно поради семејни причини одлучил да им се заблагодари на понудата и да остане во Италија, каде што наредната сезона ќе ја брани титулата во Серија А.

Реал така остана без четирите најголеми желби во потрага за иден тренер и има малку опции кои остануваат за кормилото на клубот.