Наградите за еврокуповите се зголемени за 900 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА во вторникот соопшти колку пари ќе добијат учесниците во европските натпреварувања наредната сезона, а таа сума изнесува 900 милиони евра повеќе од претходно.

Минатата сезона, клубовите поделија 2,35 милијарди евра, додека во новата сезона таа сума ќе биде 3,25 милијарди евра.

Сепак, дел од тие пари ќе бидат одземени на клубовите поради трошоци на организацијата и солидарност, односно 522 милиони евра.

За учесниците во Лигата на шампиони се одвоени 1,95 милијарди евра, а клубовите во Лигата на Европа ќе добијат 560 милиони евра.