Манчестер Јунајтед го потврди вториот трансфер во два дена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на португалскиот играч од одбраната, Диого Далот кој на „Олд Трафорд“ доаѓа од Порто за сума од 17.4 милиони фунти.

Португалскиот интернационалец под 21 година со Манчестер Јунајтед потпиша договор во времетраење од пет години и се очекува следната сезона да добие значителна минутажа по двете бековски позиции.

„Диого е неверојатен и талентиран млад дефанзивец со сите квалитети за брзо да стане голем играч на овој клуб. Ги  поседува сите атрибути што треба да ги има еден бек, физички е подготвен, тактичка интелигенција и е има технички квалитет. Во негова возраст тој е најдобриот бек во Европа и сите веруваме дека има светла иднина во Манчестер Јунајтед“ коментираше Мурињо по официјализирањето на договорот со Далот.