Го бараа Сити, Јунајтед и Арсенал, тој се одлучи за Лестер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува најеминентниот англиски спортски медиум, Скај Спортс поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој е актуелен член на ВБА, Џони Еванс кариерата ќе ја продолжи во тимот на Лестер.

Еванс беше доста посакуван фудбалер во изминатиот период, а минатото лето ВБА одби понуда од Арсенал во висина од 20 милиони фунти.

Ирецот имаше клаузула во неговиот договор според која може да го напушти тимот за само 3.5 милиони фунти доколку ВБА испадне од Премиер лигата. Тоа и се случи, па сега Еванс кариерата ќе ја продолжи во Лестер кој реагирал најбрзо и се согласил да ги плати бараните 3.5 милиони фунти.