Перез конечно најде решение за клупата на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Флорентино Перез конечно најде решение за испразнетата тренерска позиција во Реал Мадрид.

Во минатиот период Перез добиваше „корпи“ од многу различни тренери, а шпанските медиуми сега пишуваат дека претседателот на клубот донел интересна одлука.

На клупата на Реал Мадрид би требало да седне некогашниот капитен на клубот Фернандо Јеро. Јеро како играч 14 години настапуваше за „Кралевите“ и освои многу трофеи, но нема многу искуство со водењето на клубови.

Најпрво работеше како асистент на Анчелоти додека тој беше во Реал, а потоа самостојно ја извршуваше функцијата тренер во Реал Овиедо.