Пелегрини: Во Реал ви наредуваат кој мора да ги игра натпреварите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шокантни најави пренесува новиот предводник на Вест Хем, Мануел Пелегрини кој во изјава за чилеанските медиуми истакна дека челниците на клубот му кажувале да играат одредени играчи.

Во јавноста се споменуваше дека и заминувањето на Зинедин Зидан е поради тоа што Перез и луѓето околу него му се мешале на Французинот околу трансфер политиката,а но и околу кроењето на клубот.

„Некои од дискусиите кои најчесто ги имав со челниците на Реал беа поврзани со играњето на некои играчи. Ми викаа дека поединци мора да играат без оглед на се, но јас никогаш не се согласував на компромиси“ – коментираше Пелегрини за чилеански „Меркурио“.