Страв во репрезентацијата на Бразил: Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед заработи повреда на тренинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фред заработи повреда на глуждот на денешниот тренинг на репрезентацијата на Бразил.

Се уште не е познато колку е сериозна оваа повреда, но во бразилскиот табор стравуваат дека Фред ќе го пропушти Мундијалот во Русија.

„Денес Фред заработи удар во неговиот глужд, но прерано е да зборуваме за сериозноста на повредата. Утре ќе видиме што ќе се случи и ќе одлучиме дали ќе направиме испитувања или не. Повторувам, во овој момент е прерано да се каже нешто околу тоа“ –коментираше докторот на репрезентацијата на Бразил, Родриго Ласмар.