Рома го претстави Кристанте


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Рома го потврдија трансферот на Брајан Кристанте кој во клубот од Рим доаѓа од редовите на Аталанта.

23 годишниот фудбалер ќе се приклучи најпрво како позајмен фудбалер со задолжително откупување на договорот за сума од 15 милиони евра.

„Многу сум задоволен затоа што доаѓањето во Рома отсекогаш беше моја цел. Самоуверен сум дека ќе бидам во можност да го дадам максимумот и да дадам голем придонес за овој клуб“- коментираше Кристанте на официјалната промоција.