Шок за Аргентина пред почетокот на Светското првенство во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентативецот на Аргентина, Мануел Ланцини ќе го пропушти Светското првенство во Русија поради повреда.

Ланцини на тренингот на Аргентина го повредил коленото, па според лекарските проценки воопшто нема да може да конкурира за натпреварите на Мундијалот.

Ова ќе претставува удар за Сампаоли кој сметаше на играчот на Вест Хем за претстојното натпреварување во Русија. Оваа повреда би можела да значи дека Мауро Икарди сепак ќе патува со селекцијата на „Гаучосите“ на Светското првенство.