Надал како брз воз покрај Дел Потро


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рафаел Надал со убедлива победа од 3:0 славеше победа во второто полуфинале против Хуан Мартин Дел Потро и со тоа се пласира во финалето од Ролан Гарос во кое ја брка својата 11. титула на земјата во Франција.

Шпанецот во полуфиналето за помалку од два часа го совлада Дел Потро со 6:4, 6:1 и 6:2 по сетови.

Рамноправна борба имаше само во првиот сет, додека во останатите два Надал ја прикажа својата игра и го растури Аргентинецот.

Надал во финалето од Ролан Гарос ќе игра против Доминик Тим кој претходно го совлада Марко Чечинато со 3:0.