Марко Пјаца има нов клуб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Доцна синоќа се појави вест дека хрватскиот  интернационалец од редовите на Јувентус, Марко Пјаца од следната сезона нема да го носи дресот на Јувентус.

Наводно, Пјаца се согласил да ја промени средината и да замине во редовите на Фиорентина. Тимот од „Артемио Франки“ сака на Симеоне да му додаде квалитетно засилување и со тоа да направи квалитетен напад кој ќе биде страв и трепет во Серија А.

Познато е дека постои голема нетрпеливост помеѓу навивачите на Фиорентина и Јувентус и нема сомнеж  дека овој трансфер ќе ги израдува навивачите на виолетовите.