Салах откри каква порака му испратил Рамос по натпреварот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мохамед Салах сезонава ја воодушеви фудбалската јавност со своите игри во дресот на Ливерпул со кој стигна до финалето на Лигата на шампиони.

Ливерпул загуби во финалето од Реал Мадрид со 3-1, а Салах го напушти натпреварот уште во 30. минута поради повреда во дуелот со Рамос.

Многумина го обвинија Рамос дека намерно го повредил Салах, а две недели по инцидентот Египќанецот се појави во медиумите и кажа дека Шпанецот му испратил порака.

„Тоа беше најлош момент во мојата кариера. Вистина е дека ми испрати порака во која сакаше брзо да оздравам и ми објасни дека немал намера да ме повреди, но никогаш не сум му рекол дека е во ред тоа што го направил. Кога паднав на теренот, почуствував голема болка и веднаш се загрижив. Исто така, тука имаше гнев и тага, зашто немаше да играм до крај во финалето на Лигата на шампиони“, вели Салах.