Залудно се израдуваа: Парма останува без пласман во Серија А?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Парма успеа да оствари неверојатен успех со враќањето во Серија А, откако пред неколку години клубот беше исфрлен во Серија Д.

Италијанската екипа успеа за само три години да се врати во најсилната англиска лига , а навивачите и играчите знаеја да го прослават овој успех, но очигледно предвреме се израдуваа.

Италијанските медиуми пишуваат дека Парма се наоѓа под истрага поради натпреварот од последното коло во Серија Б, кога ја победија Специја и така изборија место кое ги води во Серија А.

Сепак, деталите на истрагата ќе бидат познати за неколку недели, а некои лица се сомневаат дека натпреварот е наместен. Биле пронајдени неколку сомнителни пораки меѓу играчите на двете екипи, па сега се истражува што било причина за истите.