Ливерпул и Реал подготвија спектакуларна размена по Мундијалот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мохамед Салах зад себе има фантастична сезона во дресот на Ливерпул, а со своите игри привлече големо внимание кај европските гиганти.

Египќанецот минатата сезона го водеше Ливерпул до финалето во Лигата на шампиони, но неговиот тим загуби во финалето од Реал Мадрид.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го сака Салах во својот тим и „кралевите“ се подготвени да го испратат Марко Асенсио, за кого се верува дека ќе биде еден од најдобрите играчи во светот во наредните години.

Навивачите на „кралевите“ се против ваквиот потег, зашто веруваат дека Асенсио има голем потенцијал, но последниот збор во клубот го има Перез.