Кјелини: Лигата на шампиони не ни е приоритет!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини смета дека Лигата на шампиони не е приоритет сезонава, туку сака да се повтори минатата сезона.

„Бјанконерите“ имаат две титули во Европа, во 1985 и 1996. година, а голема желба на клубот е да се искачат на врвот во Европа.

„Сакаме да ги освоиме сите титули, но Лигата на шампиони не е нашиот приоритет. Сега имаме шанса да се опуштиме и да ја почнеме мирно сезоната. Потоа ќе ги повториме одличните успеси, како и досега“, вели Кјелини.